fbpx

Караванот на коалицијата “Заедно напред„ утре ќе биде на средби во Чучер Сандево и трибини во Бутел, Шуто Оризари и Ѓорче Петров

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ во текот на утрешниот ден ќе биде на средби со граѓаните на Чучер Сандево, Бутел, Шуто Оризари, и Ѓорче Петров.

Во текот на утрешниот ден (08.04.2019, четврток), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Чучер Сандево во 16.00 часот, каде во централното подрачје во село Мирковци ќе има обраќање.

По средбите со граѓаните на Чучер Сандево, во 17.10 часот Пендаровски ќе учествува на граѓанска трибина во Бутел (сала „Антон Попов), а потоа во 18.30 часот ќе одржи отворена трибина со граѓаните на општина Шуто Оризари (ул.Гвадалахара, бб.)

Подоцна, со почеток во 20.00 часот, во Дом на културата во Ѓорче Петров, ќе се одржи централниот настан, отворена трибина со граѓаните на Ѓорче Петров, каде свое обраќање ќе има заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)

 

Последни вести