fbpx

Со измените на Законот експропријацијата ќе се врши по пазарна вредност и нема да трае со години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Експропријација се врши според пазарната вредност и тоа е наведено и во Уставот, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на денешната собраниска седница.

Митрески исткна дека со законските измени експропријацијата ќе се врши според тоа што стои во даночното решение.

„Сите ние, секој граѓанин плаќа Данок на имот според вредноста што е утврдена во даночното решние. Со плаќањето на Данокот на имот, значи дека сте се согласиле дека вредноста на имотот наведена во даночното решение е таа што е пазарна и на тој начин се става крај на сите шпекулации за тоа што би се случувало со експропријацијата“ истакна Митрески.

Координаторот посочи дека измените на Законот за експропријација се потребни за да не се повторуваат одредени случаи каде проекти биле заглавени само затоа што не можела да се договори вредноста на некој објект или земјиште.

„Ние сме сведоци дека за сите државни проекти и од претходно, дека кога се врши експропријацијата има судски процеси што траат по пет или шест години. Ние имам ситуации на Кичево – Охрид што до ден денес има предмети по судови за експропријација. Ова е најфер решение што може да биде постигнато и предметите за експропријација да се решаваат брзо“ порача Митрески.

Последни вести