Соопштение за јавност
По средбите со граѓаните на Дебар, потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски продолжи со посета на населените места во дебарскиот регион.
На средбите со жителите на населените места Могорче, Горно и Долно Косоврасти, Спасовски повика граѓаните да го поддржат концептот што води напред, концептот што обезбедува економски раст, нови работни места и иднина за младите овде, во нашата држава.
– Со победа на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија и со победа Хекуран Дука за градоначалник на Дебар ќе го продолжиме патот на соживот, развојот, напредокот и интеграцијата. Тоа е пат кој води во ЕУ и НАТО, тоа е пат кој води кон економски раст, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните, за нашите млади да останат тука. Затоа, на овие избори Дебар со двојна победа ќе го потврди успехот на концептот Едно општество за сите. Да продолжиме заедно напред, повика Спасовски.