Соопштение за јавност
Долга и широка е листата на лаги и небулози што ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги ширеа само и само да го попречат напредокот на државата.
Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот јазик ќе станел бугарски дијалект, лажеа дека ќе имало асимилација и бугаризација со прифаќањето на европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ.
Претходно лажеа дека ќе се граделе станови и кампови за мигранти, а лажни вести ширеа и додека државата како и целиот свет се соочуваше со невидена здравствена криза.
Денес, гледаме нови глупости од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводно редифинирање на државата со што по кој знае кој пат се обидуваат да внесат нови поделби во македонското општество.
Стар и повеќе пати виден обид на ВМРО-ДПМНЕ за сеење лаги преку бесмислици што немаат врска со реалноста.
Со ваквиот однос ВМРО-ДПМНЕ покажува нека во таа партија се уште ништо не се менува, дека останува како и многу пати до сега на спротивната страна од интересите на држвата и граѓаните.