fbpx

Момент на вистината за Мицкоски, ЕУ или заложништвото на Левица?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во клучен период за иднината на државата, време е за глас за Европа во македонското собрание.

Мицкоски, како и за сите суштински и стратешки прашања прибегнува кон својата вообичаена практика за бегање од одговорност, немање став и пласирање лажни вести.

Не е време за нови бесмислени измислици што немаат никаква врска со реалноста, туку момент на вистината за Мицкоски, јавно да каже кој е неговиот став за иднината на државата.

Христијан Мицкоски да не бега и конечно да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, во нивниот антиевропски, проруски деструктивен блок.

Последни вести