fbpx

Откако потонаа лагите за бугаризација нови небулози на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за редефинирање

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Тврдењата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводно редефинирање на државата, се уште едни од низата неболузи што опозицијата постојано ги пласира, за замајување на јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ и во минатото пласирала лаги што до ден денес, со факти, се целосно демаскирани.

Истата таа опозиција зборуваше дека во државата ќе дошле милиони мигранти, па дека државата ќе се кантонизирала.

Потоа кажуваа дека со гласањето на францускиот предлог ќе сме станале бугаризирани и асимилирани, дека македонскиот јазик ќе станел бугарски дијалект.

Ништо од тоа не се случи, откако им потонаа сите лаги за бугаризација и асимилација шират нови небулози, кои само создаваат хистерија и страв, а не прават ништо добро.

Последни вести