Во рамки на караванот теренски активности на СДСМ, „Рамо до рамо до победа“, генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски денеска беше на маалска средба со граѓаните на Дебар.
-Имаме историска шанса за обезбедување на европска иднина за целиот наш народ, за сите граѓани, а пред идните генерации имаме обврска, затоа да истраеме и заедно да го отвориме патот кон нашата крајна цел, да станеме дел од ЕУ, порача Зечевиќ.
Ние знаеме дека на заедништвото почива заедничкиот успех, кажа Зечевиќ.
-На народот, на граѓаните им треба и мир, стабилност, соживот и сигурна иднина. Нашите граѓани, без разлика на етничка припадност, сакаат да бидат дел од ЕУ, да живеат достоинствено и подобро во својата држава. Не само животниот стандард и европските вредности, исклучително е важно да бидеме седнати на големата маса во ЕУ, рамноправни, рамо до рамо со големите државотворни народни на Европа. Заради заедничко доброто на идните генерации и заради доброто на земјата. Гласот за Европа е глас за европска иднина. Да се обединиме околу европскиот пат, на заедништвото почитува и заедничкиот успех, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.