Соопштение за јавност
Во рамките на теренските активности на СДСМ, под мотото „Рамо до рамо, до победа“, денеска со граѓаните на Радовиш, беа Гоце Георгиевски и Кирил Парталов, а во Струмица, Никола Рилак и Вангелија Велева.
ИПАРД е нашата успешна приказна, ние сме лидери во регионот, имаме број на инвестиции колку Србија, Црна Гора и Албанија заедно. Имаме најголема искористеност од 98% на средствата од ИПАРД 2 програмата со склучени 2369 договори, нула евра поврат на средства за целиот ИПАРД 2 период и први во регионот ние започнуваме со ИПАРД 3 програмата, истакна Георгиевски во Радовиш, додавајќи дека успехот се мери во инвестиции по европски стандарди за модернизација на земјоделството и зголемен рурален развој.
Георгиевски нагласи дека преку ИПАРД 2 програмата се ивестирани 60 милиони евра, а ЕУ за ИПАРД 3 додели 97 милиони евра, односно вкупно 128 милиони евра за нови преработувачки капацитети, објекти за рурален туризам, фарми, модерна земјоделска механизација, системи за наводнување, мали бизниси од рурални средини.
Рамо до рамо со граѓаните на Струмица заедно со Вангелија Велева беше Никола Рилак, кој пред граѓаните најави дека од први јули оваа година, повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија.
Изминатата кризна година покажа колку е важно да се има знаење и посветеност за енергетскиот сектор. Во време на криза го зголемивме домашното производство на струја за 44 проценти, цената за граѓаните не се зголеми, а за 72.000 компании на регулираниот пазар, цената на електрична енергија се намали за 20 проценти, рече Рилак, додавајќи дека потонаа сите лаги на опозицијата за енормно поскапување на струјата и за рестрикции.
Рилак истакна дека фокусот во енергетиката е на зелената транзиција, во чии рамки, во мандатот на оваа влада се инсталирани и пуштени во мрежа 210 мегавати обновливи извори на електрична енергија, што е доволно да снабди со електрична енергија околу 76.000 домаќинства.