Соопштение за јавност
Цела недела Христијан Мицкоски бега од одговор и не кажува јасен став за тоа што одлучи во клучниот период за европската иднина на државата.
Пред нашата земја е исправена одлука со која имаме шанса да го продолжиме европскиот пат, да ја обезбедиме европската иднина на земјата.
Изборот пред секој политички субјект, вклучително и на Мицкоски е интеграција или изолација.
Сега, во македонското Собрание е време за глас за Европа, за продолжување на европскиот пат и остварување на уште една стратешка цел: членство во ЕУ!
Со тоа и да ги затвориме сите идентитетски прашања еднаш-засекогаш.
Мицкоски, наместо со денови да молчи треба да излезе пред јавноста и да каже што одлучил.
Дали ќе се приклучи кон европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во анти европскиот блок.
Пред Мицкоски е моментот на вистината, затоа, да не врти од околку, да не менува ставови секој ден, туку да пресече и да каже што одлучил: ЕУ или Левица?