Соопштение за јавност
Почитувани,
Централниот караван на коалицијата Заедно напред! Во текот на утрешниот ден ќе биде на средби со граѓаните на Чешиново Облешево, Пехчево и граѓански трибини во Берово и Делчево.
Во текот на утрешниот ден (05.04.2019, четврток), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Чешиново Облешево во 15.00 часот, а во 16.30 часот, ќе се сретне со граѓаните од општина Пехчево.
По средбите со граѓаните на Чешиново Облешево и Пехчево, во 18.30 часот на градскиот плоштад Стево Пендаровски ќе учествува на отворена трибина со граѓаните на Берово.
Подоцна, со почеток во 20.10 часот, во Градски парк, пред центар за култура “Никола Ј. Вапцаров” во Делчево, ќе се одржи централниот настан, отворена трибина со граѓаните на општина Делчево на која ќе се обрати Стево Пендаровски.
(пренос во живо ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)
Со почит