fbpx

Рамо до рамо до победа во Свети Николе и Прилеп: За само два месеци се исплатени 80 милиони евра субвенции за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во рамките на теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ потпретседателот Перо Костадинов, заедно со Весна Томовска беше меѓу граѓаните на Свети Николе.

СДСМ се грижи за сите граѓани, во услови на криза ја зголемивме минималната плата, ги покачивме пензиите, со навремени и ефикасни мерки и политики ги поддржуваме земјоделците, субвенциите се исплаќаат редовно и неселективно рече Костадинов, додавајќи дека од оваа година започнува авансна исплата на субвенциите.

Костадинов нагласи дека за само два месеци се исплатени 80 милиони евра субвенции, од кои 26 милиони за тутунарите, а откупните цени за тутунот се повисоки за 44 проценти.

Имаме резултати што прават разлика, овозможуваме нови мерки за малите производители, малите винарии, дестилерии, овозможивме нова мерка Бизнис план, единствени во регионот имаме Интервентен фонд од 6 милиони евра, младите земјоделци ги поддржуваме со два гранта од 10.000 и 20.000 евра за активно да се вклучат во земјоделството со сопствено земјоделско стопанство, а при тоа се ослободени од надоместокот за закуп на државно земјоделско земјиште, истакна Костадинов во Свети Николе.

Рамо до рамо со граѓаните на Прилеп беше Борис Тунџев, кој нагласи дека по децении чекање, конечно се реализира изградбата на коридорот 8, но и коридорот 10Д, односно изградба на автопат Битола – Прилеп.

Коридорот 10Д е во интерес на целиот Пелагониски регион, тоа е реализација на стратешка цел на генерации жители од овој дел од државата, но истовремено значи унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани, зголемување на потенцијалите за компаниите, инвестицијата од 1,3 милијарди евра, ќе им донесе над 600 милиони евра на домашните компании и раст на БДП од 2 отсто годишно во наредните пет години, порача Тунџев во Прилеп.

Последни вести