Соопштение за јавност
Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ, партијата кочничар на интеграциите да зборува за европски вредности и реформи.
За само две години, успешните политики и реформи на Владата предводена од СДСМ ја отворија перспективата кон ЕУ и НАТО.
Со ратификацијата на протоколот за пристапување, членството во НАТО станува извесно.
Пред нас се неколку клучни услови за почеток на преговорите со ЕУ, чиј почеток е предвиден за средината на годината.
Доколку Република Северна Македонија не ги започне преговорите со ЕУ тоа ќе биде поради три причини предизвикани токму од однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ: Ако продолжи да го кочи носењето на Законот за јавно обвинителство и работи против Специјалното јавно обвинителство., ако продолжи да работи на блокада на реформските закони и трето, да повика на бојкот на претседателските избори и да го наруши изборниот процес.
За сето ова одговорноста е кај ВМРО-ДПМНЕ. Владата предовдена од СДСМ останува на евроатлантскиот курс и продолжува со заложбите за полноправно челснтво во ЕУ и НАТО како врвен државен и национален интерес.
Скопје,04.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА