fbpx

Претседателскиот кандидат Пендаровски: Патот за сите е Заедно Напред, во ЕУ и НАТО, да не ја коцкаме иднината!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

-Со реформите очекувам да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ и ќе ја бетонираме позицијата во НАТО. Ги решивме сите прашања и во национален и во државен интерес. И сите проблеми ќе ги решиме ако сме дел од демократскиот свет и дел од НАТО и ЕУ, да продолжиме Напред, порача кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, на вечераната промотивна Конвенција што се одржа во Скопје.

 

Тој посочи дека тоа е решението и за мотивирањето на младите да останат во државава.

-Да продолжиме Заедно Напред, да не се коцкаме со иднината на државата. Изморени сме од избори, но мора да го дадеме и овој напор, повикувам на масовна мобилизација на изборите, ова е патот, Заедно Напред, рече претседателскиот кандодат Пендаровски, на промотивната Конвенција што се одржа вечерва во Скопје.

 

Последни вести