fbpx

Царовска на средба со пензионерите во Пробиштип: Пензиите се стабилни продолжуваат да растат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членката на Централниот одбор на СДСМ Мила Царовска вечерва се сретна со претсавници од Здружението на пензионери од Пробиштип.

На состанокот уште еднаш беше потенцирано дека со пензиската реформа којашто стартуваше на почетокот на годината пензиите се стабилни и продолжуваат континуирано да растат.

Со пензиската реформа обезбедивме редовна исплата на пензија на сегашните, но и на идните пензионери, без при тоа при тоа да ја зголемиме старосната граница за пензионирање. Со Закон се воведува редовно усогласување на пензиите и тоа два пати годишно. Пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината според процентот на пораст на трошоците на живот и тоа  100%  со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Воведена е и законска одредба со која што ќе има дополнително усогласување напензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4%“, рече Царовска на средбата со пензионерите.

Царовска истакна дека оваа Влада во изминатите две години обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Република Северна Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари.

На средбата со пензионерите се зборуваше за можноста за отворање на  Дом за стари лица во Пробиштип како и за услугите кои ќе се развиваат во заедницата со цел да се олесни животот на постарите лица.

 

Скопје, 04.04.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести