Соопштение за јавност
-Конечно имаме заеднички кандидат за претседател на државата, од сите етнички заедници: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, други – да избереме претседател на државата, да ставиме сидро, кормило што ќе влече напред повика претседаателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на вечерашната Конвенција за промоција на претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, што се одржа во Скопје.
Ова се многу важни избори, чекориме во вистински правец, сите зборуваат за успешните политики, дома, во светот, за на НАТО, ЕУ, за сериозните реформи, нема бенефити на друг начин. Од другата страна затоа немаат што да понудат, рече претседателот на СДСМ и премиер Заев.
Тој рече дека разликата со другата страна не е во идеологии туку во векови, дека “ние сме во 21 век, а тие во 19 век”. Посочи дел од резултатите: рекорден број странски инвестиции, БДП од минусно салдо на 3,7 проценти, пад на невработеноста од 27 проценти на околу 19 проценти, раст на индустриското производство за 8,1 процент.
-Тргнавме напред и застанување нема. Тоа е возможно со вистински претседател, со човек прв меѓу еднаквите, возможно е со Стево, посочи претседателот на СДСМ и премиер Заев.
Тој додаде дека на овие избори нема левица или десница, “има Напред, за европска Македонија, а со Стево ќе одиме напред. И така ќе ги задржиме младите.
-Граѓаните мора да покажат одговорност, оваа држава е на сите, Република Северна Македонија има еден правец, да не дозволиме да скршнеме од патот, имаме должност да излеме на гласање сите, од сите етнички заедници, да гласаме за Стево, за да продолжиме Заедно Напред
порача вечерва од Скопје, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на Конвенцијата за промоција на кандидатот за претсеадтел на државата, Стево Пендаровски.