Соопштение за јавност
На изборната конвенција на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски свое обраќање имаше и универзитетската професорка Ана Чупеска Станишковска.
Пред присутните, Чупеска-Станишковска порача дека сега е клучен историски момент нашата земја да продолжи напред кон евроатлантската перспектива што значи подобар живот и посигурна иднина.
– За реализација на таа цел, нам ни и е потребен претседател кој има визија, интегритет, знаење и кој има јасен став и искрена желба за демократски и цивилациски напредок на нашата земја. Сигурна сум дека дека Стево е токму таков профил, вистинскиот човек за вистинското време, односно, тој е претседател каков што заслужуваме, сега и веднаш порача Чупеска.
Пендаровски, додаде Чупеска, е дел од концептот што нуди напредок, развој и сигурна и стабилна иднина за сите, преку доследна примена на Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор.
– Затоа Стево е претседател на храбрите, упорните и прогресивните граѓани, а такви денес се безмалку сите граѓани на нашата земја!
Да го искористиме нашето право, да гласаме, и да победиме заедно со Стево на кристално чисти и фер избори, повика Чупеска Станишковска.