Соопштение за јавност
Стево Пендаровски е олицетворение на идејата на едно општество и заедничка иднина на сите, порача вечерва Имер Селмани од конвенцијата на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски.
– На овие избори Стево е најдобрата инвестиција за мене, за вас, за сите нас. Тој знае да сплотува и да ги преминува етничките бариери. Од него извира визијата за еднаква држава, која ќе биде развиена, напредна и интегрирана во ЕУ и НАТО. Тоа е она што ни треба нам, но и на нашите деца, истакна Селмани.
На крајот, Селмани ги повика граѓаните без разлика на етничката, верската или национална припадност, на изборите да дадат масовна поддршка за Пендаровски.
Одиме напред со Стево, повика Селмани.