fbpx

ВМРО-ДПМНЕ партијата која го удвои јавниот долг, денес лицемерно глуми загриженост, економијата се движи во добар правец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО ДПМНЕ повторно лаже и измислува. Партијата која 11 години беше насочена кон пустошење на државата, осиромашување и енормно задолжување на граѓаните денес зборува за состојбата на економијата во земјава.

Токму во времето на ВМРО ДПМНЕ бевме соочени со брзорастечки јавен долг каде што каматните стапки беа повисоки од стапките на раст на економијата, а долговите се префрлаа на идните генерации.

Денес, владата предводена од СДСМ, успешно го менаџира долгот, брзоорастечкиот долг кој се дуплираше од 2008 до 2016 година, сега е стабилизиран. Еврообврзницата е издадена по каматна стапка еднаква на растот на економијата.

Паралелно со ова, се решаваат и отплатуваат наследените и неизмирени обврски на општините. Обезбедена е финансиска поддршка за наив но и воведено е и ново фискално правило со цел спречување на натрупување на нови обврски.

Граѓаните да останат смирени, економијата се движи во добар правец, планот за економски раст дава резултати, финансиите се стабилни.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на интензивирање на економскиот раст.

Скопје, 03.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести