fbpx

Силјановска зборува за правда, а штити насилници и криминалци, дури и слоганот и е лажен и лицемерен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гордана Силјановска е лицемерна и нуди лажен патриотизам исто како и Христијан Мицкоски.

Дури и слоганот на Силјановска е лажен и лицемерен. За каква правда зборува Силјановска кога брани криминаци и насилници осудени за насилствата од 27 април?

Се повикува на правда, а ниту еднаш не се огради од тоа што почесниот претседател на партијата што застана зад нејзината кандидатура е осуден криминалец и бегалец од правдата.

Силјановска лаже дека е натпартиски кандидат, лаже дека е за правда и е иста како Христијан Мицкоски.

Лицемерното однесување пред граѓаните е неприфатливо.Затоа граѓаните на изборите ќе одберат искрен и чесен претседател кој ќе работи во интерес на правото и правдата.

Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски, вистински претседател што достојно ќе ја претставува државата.

 

Скопје, 03.04.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести