fbpx

Талевски за 24: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против, уставните измени да бидат донесени за да се забрза процесот кон членство во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не се против уставните измени и тоа денеска го потврди и нивниот претседател Христијан Мицкоски, порача пратеникот на СДСМ, Миле Талевски во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

„Една година ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека нема да прифати никакви измени на Уставот, за денеска, за само два часа да го сменат ставот. Утрото дадоа изјава по седница на Извршниот комитет и кажаа дека не прифаќаат измени на Уставот, за после два часа Мицкоски да каже дека ќе поддржи уставни измени ама под одредени услови. Тоа е еден пресврт и тоа е добро за државата и за европската иднина“ посочи Талевски.

Тој потсети дека сите лаги што ВМРО-ДПМНЕ ги ширеше околу јазикот и идентитетот на крајот беа демантирани.

„Денес се покажува хаосот во ВМРО-ДПМНЕ со различните изјави со кои се обидуваат да најдат алиби за да излезат од клопчето што сами си го заплеткаа околу себе. Гледаме дека се што кажаа изминатата година се пропадна. Лажеа за францускиот предлог, лажеа за наводна бугаризација, дека јазикот ќе ни бил западно бугарски дијалект, се што кажа ВМРО-ДПМНЕ не излезе така“ истакна Талевски.

Пратеникот повика да се искористи силната поддршка што државата ја добива од ЕУ и САД, блокадите да престанат, уставните измени да бидат донесени со што ќе се забрза процесот на преговори до полноправно членство во Унијата.

Последни вести