Соопштение за јавност
Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски денеска беше со граѓаните на Сопиште и Студеничани.
Пред граѓаните Пендаровски ги потенцираше придобивките од избирањето напредок наместо изолација, градењето пријателства наместо продолжување на спорови со соседите.
“Тргнавме напред, покажавме дека преку договор и пријателство ги отвораме вратите кон подобра иднина за сите граѓани. Решавањето на деценискиот спор со соседна Грција значи интеграции во ЕУ и НАТО, економски развој, европски перспективи, нови инвестиции, нови работни места, подобар живот за нас и нашите поколенија.” – заклучи Пендаровски.
Пендаровски стои зад концепт кој нуди продолжување по вистинскиот пат кој носи подобар живот за сите.
Времето на стагнација и изолација заврши. Чекориме напред, заедно, обединети и затоа Стево е вистинскиот избор со кој државата ќе продолжи напред.