fbpx

Ковачевски: Со промена на ставот ВМРО-ДПМНЕ е согласно Бугарите да влезат во Уставот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со промената на ставот, ВМРО-ДПМНЕ сега е согласно дел од бугарскиот народ да влезе во Уставот, заклучи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат.

Тој порача дека по лидерската средба паднале во вода сите лаги што ВМРО-ДПМНЕ ги пласираше години наназад за наводна асимилација и бугаризација.

„Се правеше една хистерија уште од првиот ден односно од носењето на францускиот предлог. Вие се сеќавате не е помината ни година, измислици се пласираа, ќе сме го изгубеле јазикот. Ене го јазикот во Брисел стои македонски јазик на преведувачките кабини. И уште стои. Па потоа, ќе сме го изгубеле идентитетот,сите дојдоа тука да кажат ние сме горди што Македонците ќе станат дел од сајтот на идентитетите на ЕУ. Се зборуваше дека со влегувањето на Бугарите во Уставот ќе сме биле бугаризирани, ќе сме биле асимилирани. На таа прес конференција после лидерската средба нема ништо од тоа. Затоа што потврда стигна од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ е согласно Бугарите да влезат во македонскиот Устав и тоа е најголемиот исчекор, врвниот заклучок од таа лидерска средба“ истакна Ковачевски.

Последни вести