Соопштение за јавност
СДСМ уште еднаш покажа државнички и државотворен капацитет и понуди рака за отворен дијалог, но и делување во остварување на уште една стратешка цел: членство во ЕУ.
Централниот одбор на СДСМ донесе Одлука за формирање на работна група за продолжување на разговорите со ДПМНЕ и сите други парламентарни политички партии за уставните измени и операционализација на следните конкретни чекори.
Централниот одбор на СДСМ му дава апсолутна поддршка на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски и формираната работната група, предводена од генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ Вардарски, да продолжат со напорите за обезбедување широк консензус за уставните измени, а со тоа и продолжување на европскиот пат на земјата.
Изборот пред сите политички партии е: интеграција во ЕУ или изолација.
Пред државата е историска шанса за продолжување на европскиот пат и воспоставениот дијалог може да придонесе кон носење одлуки за европската иднината на земјата и доброто на сите граѓани.