Соопштение за јавност
СДСМ нема намера да ги објаснува изјавите на Христијан Мицкоски со кои прифати уставни измени.
Целата македонска јавност, преку медиумите, го слушна Мицкоски и променетиот став на неговата партија.
Прифаќањето на уставните измени и промената на ставот на ДПМНЕ се добра основа дијалогот за уставни измени да продолжи.
Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа национална и стратешка цел.