Соопштение за јавност
Грижата за граѓаните, заштитата, поддршката во секој период од животот, но и при секој предизвик е врвен приоритет за СДСМ и институциите што ги предводи, порача денеска претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска на трибината „Резултати што прават разлика“ одржана во Кавадарци.
„За нас грижата за поединецот е грижа која започнува од раѓање, предучилишно воспитување, вработување и интеграција на пазар на труд, па се до пензионирање. Во 2019 година ја воведовме големата реформа во социјалната, со што обезбедивме зголемување на правата од социјална заштита за речиси 100 отсто, а гарантираната минимална помош за 300 отсто. Паралелно со тоа работевме и на процесот на деинституционализација. каде големите и гломазни установи за сместување на деца лица со попреченост, деца без родителска грижа и деца во судир со законот и деца во ризик се трансформираа во живеење во заедница со 24 часовна поддршка.Согласно овој процес воспоставени се 74 станбени единици за живеење со поддршка. Во моментот во нашата држава има 360 згрижувачки семејства во кои се згрижени 608 деца, а знам дека можеме уште повеќе.До 2017 година згрижувачите примаа помош од државата од 6.250 денари за едно згрижено лица додека денес во 2023 година изнесува 18.112 денари“ порача Тренчевска.
Претседателката на Формуот на жени, посочи дека со социјалната реформа сериозно се зголеми и поддршката за лицата со попреченост и нивните семејства.
„Со големата реформа на социјалната заштита во 2019 година се воведуваат новини во паричните права, со цел да се зголеми поддршката биолошките семејства кои се грижат за своите деца или возрасни членови со попреченост како Надоместокот за попреченост (за лица со физичка попреченост и оштетување на видот и слухот и интелектуална попреченост).Надоместокот на плата за скратено работно време наменет за родители на деца со попреченост или со хронични заболувања изнесуваше 4.800 денари додека денес со измените се зголеми до висина на 50 проценти од просечната нето плата во земјата. Конечно се воведе траен надоместок, наменет за родители на деца со попреченост кои грижејќи се за своето дете со попреченост, не оствариле право на вработување и, последователно, на пензија. Социјалната сигурност за стари лица моментално изнесува 7.214 денари, додека 11.655 стари лица ги примаат овие средства на нивната сметка“ заклучи Тренчевска.