fbpx

Костадинов: Инвестираме во мерки и политики што значат виситнска грижа за сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалната политика е сегментот каде што можеби најдобро се гледа разликата помеѓу сработеното на СДСМ и нашите политички противници, порача потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во своето обраќање на денешната трибина во Кавадарци.

„Ние од СДСМ инвестираме во се она што е важно за градење силни поединци и силно општество кое пружа шанси за сите категории граѓани. За овие шест години централната власт на СДСМ изгради и реконструираше детски градинки и училишта во речиси сите општини во државата. Ние во општина Валандово, ги следиме и почитуваме социјалдемократските вредности и идеали и затоа сместувањето во градинките во нашата општина е бесплатно. На тој начин придонесуваме децата уште однајмала возраст да имаат еднакви услови за развој. Од друга страна, на овој начин го забрзуваме и процесот на враќање на работа или на пазарот на трудот на мајките чии што деца не седат дома, туку посетуваат градинка“ порача Костадинов.

Потпретседателол Костадинов истакна дека СДСМ преку сите механизми и институции што ги има на располагање, ќе продолжи да ја унапредува грижата за сите категории граѓани.

Последни вести