Соопштение за јавност
Во секој сегмент, СДСМ зад себе има резултати што прават разлика. Тоа, најизразено е во делот на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани.
За период од шест години, во четири наврати ја зголемивме минималната плата.
Со последното покачување, минималната плата за сите работници изнесува 20.175 денари.
Тоа е за два и пол пати повеќе во однос на минималната плата во времето на ДПМНЕ кога таа изнесуваше само 8.000 денари.
Покрај тоа, воведовме и нова методологија со која минималната плата ќе расте секој март и тоа нема да зависи од политичката волја на која било влада во иднина.
Ветивме и го исполниваме дадениот збор за просечна плата од 34.000 денари и тоа ветување го исполнивме една година порано од предвидениот рок.
За опозицијата беше незамисливо, па дури и смешно просечната палата да изнесува 500 евра, а денес таа изнесува над 34.000 денари и е во постојан раст.
Сето ова е резултат на успешните економски мерки и политики на Владата предводена од СДСМ.
Продолжуваме со вистинска грижа, продолжуваме да работиме на унапредување на животниот стандард на работниците и на сите категории на граѓани.