fbpx

НЕ стана ДА, прифаќањето уставни измени од Мицкоски е за поздравувавње

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ го предводи концептот за европска Македонија и работи за остварување на уште една стратешка национална и државна цел поставена уште од независноста: членство во ЕУ до 2030 година.

Имаме историска шанса и силна поддршка од нашите стратешки партнери ЕУ и САД и сега време за последниот чекор, да го продолжиме европскиот пат.

Понудивме рака и на опозицијата за дијалог и шанса и тие да се приклучат и сега имаме нов момент на политичката сцена во земјата и нова реторика.

Христијан Мицкоски прифати уставни измени и тоа јавно го кажа на прес конференција по одржувањето на лидерската средба.

Откако цела една година ДПМНЕ се противеа на процесот, организираа насилни протести, ширеа хистерија, носеа маички со натпис НЕ, за Мицкоски сега е прифатливо да има уставни измени, прифатено е учество во Влада со СДСМ и други партии.

НЕ на Мицкоски, сега стана ДА, тоа е за поздравување и сега треба дијалогот да продолжи се до заокружување на процесот и обезбедување на европската иднина на државата.

Последни вести