Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека СДСМ е многу искрена и конзистентна во своите ставови.
Мене ми е многу драго што е воспоставен дијалог, но дијалогот треба да биде пракса помеѓу сите политички чинители во државата, посебно за најбитните прашања, коишто ја тангираат државата и граѓаните, а тоа се стратешките цели на државата, рече Костадинов.
Потпретседателот Костадинов нагласи дека СДСМ сите други прашања прилично брзо ги комуницираше и ги свика своите највисоки тела и органи, формираше работна група ги повика ДПМНЕ да се приклучат.
Треба работните групи да започнат и да работат во интерес на стратешките цели на државата, така да дијалогот е многу битен, ова е многу добра појдовна точка за се понатаму, можноста заеднички да ги реашавме најбитните прашања за државата е навистина многу значајна за целото наше македонско општество, истакна Костадинов, додавајќи дека овие теми не треба да се користат за препукување, за партиски рејтинг, туку трезвено и одговорно да се дискутира како побрзо да се заврши целиот процес во интерес на државата.
Ги повикувам и ги охрабрувам од ДПМНЕ да бидеме максимално фокусирани, и на ниво, и да бидеме одговорни пред она што значи највисок граѓански интерес и највисок стратешки интерес на државата, да ги надминеме оние строги партиски позиционирања и барем во овој момент кога ова е одлична појдовна точка да покажеме дека знаеме да бидеме навистина горди Македонци. Заеднички, оваа земја, која толку многу ја сакаме, да ја движиме напред, истакна потрпетседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата „24 Анализа“.