fbpx

Маричиќ: Принципиелно ДПМНЕ нема против внесувањето на бугарите во Уставот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека лидерската средба да биде некаква точка, некаква одредница од која што може да се градат поинакви односи, бидејќи се надминаа границите на наративот што до сега го користеше ДПМНЕ.

-Факт е дека ДПМНЕ се враќа на некои претходни позиции, но она што е битно што според мене се преминаа веќе границите на оној наратив што до сега ДПМНЕ го градеше во изминатите година дена, а тоа е дека е ова предавнички договор, дека е тоа процес на бугаризација, процес на асимилација и нешто што ќе ни го одземе нашиот идентитет. Сега гледаме дека всушност принципиелно ДПМНЕ нема против внесувањето на бугарите како дел од Уставот. Но разговараме за условите под кои што тоа би се направило за да се осигураме дека нема да има нови уцени или нови блокади од Бугарија и за да се осигураме дека нема нашиот идентитет да биде доведен во прашање, истакна Маричиќ.

Маричиќ нагласи дека, доколку има вистински желба кај опозицијата низ разговор може да се дојде до моделитетите што се во рамки на преговарачката рамка и што се во рамките на она што е веќе договорено за да се уверат дека можат да гласаат за уставните промени без да имаат грижи во однос на овие прашања.

СДСМ и ДУИ се поставија многу отворено према идеите на ДПМНЕ, премиерот Ковачевски ја истакна понудата и за учество на ДПМНЕ во Владата, лидерството на ДУИ јасно кажа дека доколку тоа е пресудно може и да отстапи од учеството во Владата за определен период до завршувањето на гласањето до изборите. Така што ако одиме на првите три што се суштински точки а тоа е гласање со одложено дејство со амандманите или дополнителни гаранции од државите членки сметам дека можеме, прво да провериме што од тоа е реално возможно. Инаку ние можеме таму да кажеме и да ставиме дополнителни услови кои што нема да ни помогнат за да ја преминеме наредната фаза, затоа е битно да правиме реални проценки и да правиме услови во разговорите кои што ќе ни помогнат да ја продолжиме наредната фаза на преговори, а не кои што ќе не сопрат, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Последни вести