fbpx

Променетиот став за уставни измени е шанса за ДПМНЕ да застане на вистинската страна

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Добро е што ДПМНЕ Христијан Мицкоски го променија ставот и што сега не се против уставните измени и внесување на делови од бугарскиот народ во Преамбулата.

Самиот Мицкоски тоа јавно го кажа по лидерската средба на која беа прифатени сите негови услови и барања.

Ова е добра шанса за конечно Мицоски и ДПМНЕ да застанат на вистинската страна, на страна на државните и националните интереси.

Сега дијалогот треба да продолжи, да се искористи моментот и јасната поддршка што Македонија ја добива од ЕУ и од својот стратешки партнер САД и процесот наинтеграција во Унијата да се забрза.

Сите политики субјекти, вклучително и Мицкоски и ДПМНЕ треба да покажат одговорност и заеднички, низ дијалог и компромис да ја реализираме стратешката цел, да обезбедиме европска иднина на нашите граѓани, дома во нашата татковина.

Последни вести