fbpx

Данска го ратификува Протоколот за членство во НАТО, одиме напред, Северна Македонија – 30 та членка на Алијансата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Парламентот на Данска без ниту еден глас против го ратификува протоколот за полноправно членство на Република Северма Македонија во НАТО.

По Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Романија и Литванија, Данска е деветта земја членка која даде зелено светло за влез на нашата земја во НАТО.

Се остваруваат врвните национални интереси, по деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред, станува 30 та земја членка на НАТО Алијансата.

Тешките одлуки кои што се донесоа се влог во иднината. Влезот во НАТО не значи само безбедност и стабилност, туку со себе носи и напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите.

Како напредуваме во интеграциите, како се ближиме до членство во НАТО и ЕУ, така се повеќе бенифиции ќе добиваат граѓаните и државата.

Затоа, не смееме сега да застанеме, Република Северна Македонија мора да продолжи напред, силна и обединета околу вистинскиот пат, патот на интеграциите, развојот и напредокот.

Скопје, 28.03.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести