Соопштение за јавност
Јавноста многу добро знае чија заслуга е Резолуцијата во германскиот Бундестаг и за жал ДПМНЕ освен блокади не направија ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак за оваа резолуција.
ДПМНЕ и Милошоски треба да се засрамат за тоа. Особено што нивни сестрински партии во Бундестагот гласаа против Резолуцијата за потврда на македонскиот јазик, култура и посебност.
Зошто ДПМНЕ не лобирала кај своите партии за поддршка е прашање кое им го должат на македонските граѓани.
Најдобрата услуга што може да ја прави ДПМНЕ е да престане да работи на штета на националните интереси и да не и наштетува на државата со вакви „услуги“ повеќе.