fbpx

Лукаревска: ДПМНЕ е ЗА уставни измени, низ дијалог да ја обезбедиме европската иднина на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ние подадовме рака и понудивме ДПМНЕ да добие 5 од 10 министерски места за да влезат во Владата, па дури беше понудено и Мицкоски да седне во премиерската фотелја порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Аргумент Плус на Телевизија 24.

„Драго ми е што после долго време има признавање дека и ДПМНЕ е за уставните измени и дека таа подадена рака ја испочитувале и дури и нашиот претседател Димитар Ковачевски кажа дека ако сакаат може Мицкоски да седне на премиерското столче. Со тоа покажуваме дека никој не се бори за политички, за партиски рејтинзи, напротив, се бориме за европската иднина, бидејќи ја остваривме стратешката цел членство во НАТО, а членството во ЕУ ние исто така дел од предизборната програма. ЕУ многу повеќе ќе го почитува нашето единство и заедништво, отколку секојдневните препреки за кои сведочиме низ секојдневни изјави“ посочи Лукаревска,

Таа истакна дека сите меѓународни фактори, сите високи претставници на ЕУ јасно кажуваат дека и нашата државата и земјите од Западен Балкан и се потрбни на Европската Унија, додавајќи дека сега треба да ја завршиме домашната задача и дека ако овој процес на успее, тогаш државата ќе се врати комплетно назад.

„Доколку уставните измени не се случат, ќе се вратиме назад во изолација и ќе функционираме како во едно мрачно режимско време, а тоа никој не треба да го дозволи, туку треба преку компромис, преку дијалог, преку преговарање да покажеме дека сме држава која прогресивните сили ја водат напред и заслужува да биде дел од ЕУ“ заклучи Лукаревска.

Последни вести