fbpx

Ковачевски: По лидерската средба исполнети се условите да продолжи дијалогот со ДПМНЕ во работни групи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На прес конференцијата којашто беше одржана по лидерската средба стана јасно дека се променети позициите на ВМРО-ДПМНЕ, стана прифатливо внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот, потврден е легитимитетот на Владата и на Собранието што беше оспорувано порано и со тоа исполнети се условите да продолжи дијалогот, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски денеска во интервју за Канал 5 Телевизија.

-Прес конференцијата која беше одржана по лидерската средба беше многу јасна и на сите граѓани им е многу јасно дека беа променети позициите на ВМРО – ДПМНЕ. Прво, клучната позиција, потврдена и неколку пати после тоа она што беше неприфатливо за ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседател, влезот на деловите од бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот Устав е прифатливо. Второ, потврден е легитиметот на оваа Влада кој тие го оспоруваа. Бидејќи ВМРО – ДПМНЕ исто така на таа прес – конференција преку изјавата на нивниот претседател се сложи да биде дел од оваа Влада бидејќи има беа понудени половина од министерските места на СДСМ. Исто така, тие побараа ДУИ да не биде дел од Владата. ДУИ на прес конференција прати соопштение дека се подготвени да поддржат Влада без нивно учество. Што е исто така многу значајно беше потврдено дека овој парламентарен состав може да носи одлука што исто така беше оспорувано претходно од партијата ВМРО – ДПМНЕ. Со тоа мислам дека се исполнети сите услови за продолжување на дијалогот, рече Ковачевски.

Она што во моментов ни треба е продолжување на дијалогот на ниво на работни групи кои што ќе треба да ги договорат деталите на процесот како ќе се одвива во иднина. Сметам дека ВМРО – ДПМНЕ треба да биде посветено на процесот за да ја донесеме оваа одлука која значи подобра иднина за нашите граѓаните и за која што добиваме поттик, доверба и поддршка од страна на сите земји членки на ЕУ, додаде Ковачевски.

-Лидерската средба беше свикана од моја страна навистина со добра волја и со цел да изнајдеме заеднички јазик, обединето да ја донесеме оваа одлука. Бидејќи и за ВМРО – ДПМНЕ не е лесно, како голема партија во државата, опозициска партија, да не поддржи ниту една одлука стратешка за државата, ниту членството во НАТО, ниту преговарачката рамка, ниту договорот со Фронтекс, каде што за прв пат го имаме македонскиот јазик без никакви додавки, фусноти и појаснувања, на договор со сите други јазици членки на ЕУ, одобрен од сите земји членки на ЕУ, вклучително Бугарија и Грција. Сметам дека подавањето на рака за едно такво обединување е вистинскиот чекор, рече Ковачевски во интервју за Канал 5 Телевизија.

Последни вести