fbpx

Јавноста веќе ја препознава ВМРО-ДПМНЕ како симбол на лажните вести, разоткриена уште една лага од белиот дворец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Со секојдневното пласирање на лаги, измислици и конструирани случаи, ВМРО-ДПМНЕ стана симбол за лажните вести.

Во отсуство на конкретни идеи, програма и мерки во интерес на граѓаните и државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно се посветија на лажни вести.

Последен случај на лажна вест од белиот дворец е за компанијата „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ за која ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека добила лиценца за одлгедување марихуана. Ова беше демантирано од надлежното Министерството за здравство кое објави дека посочената компанија не само што нема добиено лиценца, туку нема ниту поднесено барање за почнување постапка за добивање лиценца.

Цели конструкции и измислени поврзувања ВМРО-ДПМНЕ прави врз основа на невистини и лажни вести. На тоа се сведуваат прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа јавноста, граѓаните веќе ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како симбол на лажни вести, измислици и невистини.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека со пласирање лажни вести и измислени, непостоечки случаи нема да можат да ја добијат довербата на граѓаните.

Скопје, 26.03.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести