fbpx

Врти-сучи ВМРО-ДПМНЕ повторно лаже, претседателот Заев нема никаква поврзаност со фирмата за која опозицијата денеска лажеше

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Врти-сучи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно лажат.

ВМРО-ДПМНЕ нема план, нема програма, нема ниту идеја или предлог за граѓаните па ги продолжува измислените, лажни кампањи на Никола Груевски кои немаат врска со реалноста.

Посочената компанија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Канабис ОНЕ Доо Струмица нема никава поврзаност со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, како што лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш покажаа дека не можат да понудат ништо освен лажни вести и измислици и да конструираат непостоечки случаи.

Јавноста, граѓаните веќе ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како симбол на лажни вести и затоа на претстојните претседателски избори ќе го казнат нивното деструктивно и антинародно однесување.

Скопје, 25.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести