Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот, им смета растот на економијата, инвестициите, новите работни места, им смета тоа што се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.
Затоа што тоа го покажува успехот на владата на СДСМ и исправните политики на интеграција. Затоа што тоа ја потврдува неспособноста на ВМРО ДПМНЕ која 11 години ги осиромашуваше граѓаните и ја уништуваше иднината.
Фактите говорат се:
– Расте економијата, БДП порасна за 3.7 проценти во последниот квартал на 2018 година.
– Имаме рекорден број странски инвестиции за 2018 во износ од 624,5 милиони евра.
– Отворени се 26 илјади нови работни места, невработеноста паѓа под историски 20 отсто.
– Платите растат во сите сектори.
– Индустриското производствово 2018 година е највиското во последните 7 години.
Напредокот во евро-атланските интеграции носи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инвестиции, нови и добро платени работи места, подобар животен стандард.
Продолжуваме напред. Република Северна Македонија тргна напред и враќање назад во црното минато на изолација, сиромаштија и уназадување нема да има.
Скопје, 24.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА