Соопштение за јавност
Откако ДПМНЕ ја презема локалната власт во главниот град, Скопје тоне на секое поле.
Наместо да се развива Скопје со ДПМНЕ уназадува.
Последниот скандал во Скопје е поврзан со Зоолошката градина.
Во времето на СДСМ Зоолошката градина во Скопје доживеа неверојатен развој и успешно се менаџираше.
Со ДПМНЕ, наместо развој Зоолошката градина се соочува со низа проблеми и го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини.
Причината е неисполнување на договорите и нереализирани проекти.
Тоа е вистинското лице на најнеспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје.
Наместо модерно, скопјани добија уште една катастрофа приредена од ДПМНЕ.
Нема реализација на ниту еден проект повеќе од 1.5 година. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови 250 еко автобуси, нема нови мега паркови, а наследените проекти како Универзална сала, мостот на булеварот АСНОМ, БРТ не се релизираат.