fbpx

Што има конфузното ВМРО-ДПМНЕ против вработување на млади доктори кои решиле да работат во јавното здравство?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Конфузното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни информации.

Процесот за доделување лиценци за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува е спроведен транспарентно со почитување на сите законски процедури за доделување на концесија што лесно може да се провери. Концесиите се доделени со одлука од Управен одбор на Здравствен Дом Скопје и решение од Минитерствот за Здравство.

ВМРО-ДПМНЕ е конфузна. Прво тврдат дека доволно матични лекари а, потоа го напаѓаат Министерството затоа што отвора работни места За нови млади лекари кои решиле да останат во државата.

Што има против ВМРО-ДПМНЕ да се вработуваат млади лекари во јавното здравство?

За разлика од нив кои го урнисаа здравствениот систем и ги понижуваа здравствените работнции, Владата предводена од СДСМ отвора можности за сите лекари да останат тука да работат. Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година за првпат во нашата земја, секој млад лекар ќе добие шанса да се ангажира во системот на јавно здравство.

Значајно се зголемија платите на сите здравствени работници, докторите, медицинските сестри и останатиот немедицински персонал, а зголемувањата на платите продолжуват и оваа година. Минатата година за првпат се обезбедени средства за вложениот труд на приватните специјализанти.

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со спроведување мерки кои ја враќаат довербата во јавното здравство со цел младите лекари и медицински сестри да работат во јавното здравство, а не да заминуваат надвор од земјата.

Скопје, 23.03.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести