fbpx

Пендаровски: Преку напредок и интеграција до повеќе можности за младите во својата држава, заедно да продолжиме напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски попладнево е со граѓаните на Виница.

Напредокот, можностите и перспективите што ги отвораат евроатлантските интеграции на земјава беа главната тема на која се дебатираше на младинската трибина во Виница.

Пендаровски го потенцираше иселувањето на младите надвор од земјата како проблем за кој нема брзо решение иако се видливи првите резултати од стабилизацијата на земјата и враќањето на вистинскиот колосек.

-Работите се движат во добра насока, одиме по вистинскиот пат. Напредокот и интеграцијата на земјава во ЕУ и НАТО може да го запре овој погубен тренд. За тоа да се случи поскоро, потребно е забрзување на напредокот. Токму евроинтеграциите ни носат подобри можности и услови за образование и подобри работни места. Заедно со најсилните економски држави во Европа може тоа да го направиме. Единствен начин да обезбедиме добри услови за младите на релативно кус рок се интеграциите на земјата час поскоро во ЕУ и НАТО, рече Пендаровски.

Пендаровски ги повика младите да ја искористат шансата на претстојните избори, да не дозволат земјава повторно да се врати назад, во изолација и неизвесност туку да изберат напредок, заедништво, сигурна и стабилна иднината во НАТО и ЕУ

 

Скопје, 21.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести