Соопштение за јавност
ДПМНЕ досега нема поддржано ниту една стратешка одлука за земјата.
Не го поддржаа Договорот од Преспа ниту членството во НАТО. ДПМНЕ не го поддржа почетокот на преговорите со ЕУ, ниту пак гласањето за Договорот ФРОНТЕКС.
Значајната одлука на германскиот Бундестаг за признавање на македонскиот идентитет и јазик исто така не беше поддржана од ДПМНЕ.
ДПМНЕ и Христијан Мицкоски сега имаат шанса за прв пат да направат државнички потег, да поддржат макар една стратешка одлука за земјата: членство во ЕУ.
Откако променија став и не се против уставни измени, ДПМНЕ треба да остане во процесот, да продолжи дијалогот за уставните измени и заедно да ја донесеме одлуката за европска иднина на земјата.