Денеска кога повторно стоиме рамо до рамо, заедно, во финишот на првиот дел од нашата теренска активност, задоволен сум што СДСМ покажа дека е партија на народот и горд сум што рамо до рамо стана наша одлика, белег на СДСМ, рече денеска на маалска средба со жителите на Центар, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.
-За 3 месеци реализиравме 980 средби, посетивме исто толку маала, населени места, урбани и месни заедници. Секој ден бевме со народот. Задоволен сум од приемот кај граѓаните, од вниманието што ни го посветија а благодарни сме и ги цениме сите коментари, забелешки, сугестии, критики, рече Зечевиќ
Уште на почетокот говорев дека рамо до рамо нема да биде само теренска кампања, рамо до рамо е однос кон граѓаните, кон народот. Така и се покажа, додаде тој.
Слушнавме многу искрени и добронамерни забелешки, добивме бројни сугестии, предлози ама и критики, кажани од срце, со добра и чиста мисла. Најдобронамерно што вели нашиот народ. Затоа овие забелешки, сугестии, критики, предлози од сите овие средби внимателно ќе ги анализираме и ќе делуваме. Од забелешките, предлозите, критиките ќе извлечеме поуки и ќе преземе акција да ги промениме. А рамо до рамо ќе остане белег на СДСМ и понатаму., додаде Зечевиќ.
Во време кога СДСМ покажа посветеност за клучните прашања поврзани со иднината на нашата земја, рамо до рамо ја покажа во исто време и моќта на единството и заедништвото и потребата од единство.
-Визијата на СДСМ за европска иднина, за членство во ЕУ сега, кое ќе значи признаен и за век и навек обезбеден македонски јазик и идентитет, вграден во мозаикот и рамноправен со државотворните народи на Европа е заедничка визија со нашиот народ. Немаше дел од татковината каде не добивме гласно ДА. Граѓаните го разбираат моментот, го знаат значењето. Ние имаме историска можност, шанса, која нема повторно да ја добиеме, како народ и како нација, да станеме членка на ЕУ со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет. Таа шанса мора да ја искористиме. Во името на нашите деца, внуци, во името на подобрата иднина на следните македонски генерации. Оваа визија за Европска Македонија треба да биде замаецот за македнонското општество, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.
Заедно со генералниот секретар Зечевиќ во Центар беше и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Митко Трајчулевски.
На маалска средба со граѓаните на Карпошт беше Коста Начевски, координатор на Скопски регион.