fbpx

Пендаровски од Штип: Да се обединиме околу вистинските вредности, солидарноста, правдата, заедно сплотени кон ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, од Штип повика на обединување околу вистинските вредности, солидарноста, меѓусебното помагање, правдината и патот до интеграциите во ЕУ и НАТО.

– Се обврзувам, ќе бидам вистински претседател на сите граѓани. Длабоко верувам дека потеребно е меѓусебно да си подадеме рака и да се обединиме околу вистинските вредности, солидардноста, правдата и интеграцијата во ЕУ и НАТО. Можеме многу да постигнеме, сега откако се вративме на вистинскиот пат, на патот на напредокот, на членството во НАТО и ЕУ, рече Пендаровски.

Попладнево Пендаровски учествува и на трибина во мултимедијалниот центар “Киро Глигоров” во Штип.

Скопје, 16.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести