fbpx

Мицкоски наместо да ја кодоши државата надвор да направи нешто добро, да ја поддржи одлуката за ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пред нас е период во кој имаме шанса да им обезбедиме европска сегашност и иднина на нашите граѓани, тука во својата татковина.

Таа шанса сега треба да ја искористиме, да донесеме одлука за ЕУ, затоа што тоа е одлука за доброто на државата.

Сега на потег се Христијан Мицкоски и ДПМНЕ – наместо да ја кодошат својата земја во Брисел за прв пат да направат државнички потег, да поддржат макар една стратешка одлука, а тоа е членство во ЕУ.

ДПМНЕ немаат поддржано ниту една стратешка одлука за земјата, ниту членството во НАТО, ниту, почетокот на преговорите со ЕУ, од опозициската ДПМНЕ, а кога беше гласањето за Договорот ФРОНТЕКС воопшто не беа ниту во Собранието.

Сега, Мицкоски и ДПМНЕ имаат единствена шанса да се престројат на страната на државните и национални интереси и истата треба да ја искористат, за заеднички да оствариме стратешка определба – полноправно членство во ЕУ.

Последни вести