fbpx

Честитка на генералниот секретар на СДСМ, Зечевиќ за Курбан Бајрам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По повод верскиот празник Курбан Бајрам, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски денеска упати честитка до сите граѓани и верници од исламска вероисповед.

Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам, ви посакувам добро здравје, семеен мир и спокој, а светите денови посакувам да ви бидат исполнети со радост.
Овој празник ги возвишува благородните дела, солидарноста, споделувањето и взаемната почит.

Како што овој празник зближува, да бидеме заедно во надминување на сите предизвици и да ја градиме заедничката иднина врз вредностите на солидарноста, меѓусебното разбирање и почитување.

Нека е за многу години празникот!

Последни вести