fbpx

Лукаревска: СДСМ останува меѓу граѓаните, заедно ќе ги креираме следните политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска беше во посета на Градско.

– Повеќе од три месеци СДСМ е интензивно на терен меѓу граѓаните, таму каде што му е местото. За овој период одржавме 980 средби, се сретнавме со илјадници наши сограѓани, го чувме нивниот глас, нивните забелешки, сугестии и предлози. Од сето тоа ќе ги градиме, заедно ќе ги креираме нашите следни чекори, политики, мерки и решенија, порача Лукаревска заблагодарувајќи им се на граѓаните за поддршката и присуството на маалските средби.

Заменик претседателката се осврна и на политиките на СДСМ во сферата на земјоделието и енергетиката.

-СДСМ покажа грижа и дава силна поддршка за земјоделците. Вложуваме и во развој и во модернизација на земјоделието со силна финансиска поддршка. Веќе се доделуваат првите 730 решенија за финансиска поддршка на земјоделците за набавка на трактори. Оваа година се реализира и нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството, со која, секој еден земјоделец има можност да добие поддршка до 10.000 евра за модернизација на своето производство, рече Лукаревска.

Лукаревска додаде дека политиките на СДСМ создадоа услови да нема покачување на цената на струјата и да се врати евтината тарифа.

-Успеавме рекордно да ги зголемиме енергетските капацитети, и од обновливи извори, што придонесе за рекордно домашно производство на електрична енергија и зголемен извоз. Сите тие реални, вистински политики, создадоа услови за повторно враќање на дневната евтина тарифа на електричната енергија и да нема поскапување на струјата, рече Лукаревска.

Таа истакна дека СДСМ вложува во секое населено место, додавајќи дека Владата предводена од СДСМ го рехабилитира регионалниот пат Велес – Градско што значи дека низ населбата ќе има модерна сообраќајница од два километри со уредени паркинзи, а дека со изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, оваа општина ќе стане многу подобро поврзана со останатиот дел од државата.

Наумче Мојсовски беше со граѓаните на општина Струмица.

Последни вести