fbpx

„Рамо до рамо до победа“ во Старо Нагоричане, Кочани и Свети Николе: Растат платите, пензиите и поддршката кон земјоделците, невработеноста и инфлацијата се во надолен тренд

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше и во Источниот и Североисточниот регион каде во Старо Нагоричане беа Љупчо Николовски и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, Филип Николовски беше меѓу граѓаните на Кочани, додека пратеничката Емилија Рамбабова ја посети општина Свети Николе.

– Нашата грижа за земјоделците е конкретна и континуирана, успеавме македонското земјоделство да го ставиме на пиедестал и тоа во време кога во Европа се случуваше сериозна криза за храна, за ѓубрива и семенски материјал. Вчера исплативме над 232 милиони денари кон над 8.400 земјоделци, како финансиска поддршка за користен сертифициран семенски материјал за сите полјоделски култури, освен тутунот. Претходно за 730 земјоделци обезбедивме поддршка за набавка на нови трактори, тука е и редовната исплата на субвенциите, како и парите од ИПАРД програмите со што македонскиот земјоделец денес има значително подобри услови за работа, порача Николовски.

Филип Николовски се осврна на економските политики на Владата предводена од СДСМ, како и поддршката од Владата наменета за домашните компании.

– Преку одговорен и инклузивен пристап успешно одговоривме на последиците од глобалната економска но и постпандемиска криза. 730 милиони евра минатата година одвоивме за реализација на антикризни мерки. Дополнително, со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, само во 2022 година доделени се 23 милиони евра државна финансиска поддршка на 410 компании. Платите и пензиите се со постојан раст, додека невработеноста и стапката на инфлација се намалуваат. Тоа е директен резултат од мерките и политиките што ги преземаме во економијата и со кои го унапредуваме животниот стандард на граѓаните, посочи Николовски.

Последни вести