Соопштение за јавност
Клучните економски параметри покажуваат реално придвижување на економијата и успешност на владините економски политики во интерес на граѓаните.
Индустриското производство во јануари оваа година е зголемено за 12 проценти во однос на истиот месец лани.
Реалните економски политики допринесоа во 2018 година растот на индустриското производство да биде најголем во последните седум години.
Оптимот за засилениот економски развој го потврдува и рекордниот износ на директни странски инвестиции од 624 милиони евра во 2018 година.
За значителни 20 проценти пораснат е и извозот од индустриските зони кој во 2018 година изнесува 2.4 милијарди евра.
Зголемувањето на Бруто домашниот производ од 3.7 проценти е уште една потврда дека годините на економско уназадување се зад нас, Република Северна Македонија оди напред, економијата оди нагоре.
Платите растат и ќе продолжат да растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, се подобрува животниот стандард.
Кога се спроведуваат реални економски политики, кога земјата се движи во вистинскта насока, кон интеграција, и економијата се движи во вистинска насока, расте и се развива.
Членството во НАТО и ЕУ дополнително ќе ги интензивира овие позитивни економски текови, во интерес на граѓаните. Затоа е многу важно да продолжиме по вистинскиот пат по кој тргна нашатата татковина, тоа е патот на интеграциите, на напредокот, на иднината.
Скопје, 14.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА