Соопштение за јавност
Одговарајќи на прашање поврзано со состојбата во судството, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ во интервју за неделникот „Фокус“ оцени дека е потребен целосно ресетирање на системот, откако тој за 11 години под режимот, доживеал целосна ерозија.
„Судскиот систем мора да се реформира, но исто така и судиите мора да добијат пристојни услови за работа. И тука не мислам само на финансиски аспект, туку и на технички, организациски и така натаму. Мора да има ресетирање на системот. Иако, не мислам дека единствено ветингот ќе ги реши проблемите во судството. Ерозијата на судскиот систем како последица на 11 годишното владеење на ДПМНЕ треба од темел да се обновува. Да се создаде систем за професионални судии и судството со квалитетни и достоинствени услови на работа.Судијата не треба да делува под притисок на јавност, туку по принцип на закон, приоритет и воспоставен систем. Повторно ви велам дека ова е огромна тема, која мора да ја држиме сите заедно на највисоко рамниште и да работиме на судството да му го вратиме достоинството, а на граѓаните вербата“ порача Зечевиќ.